За Неотел

Историја

Неотел ДОО е телекомуникациски оператор формиран во 2004 година со македонски капитал од страна на реномираната ИТ компанија, Неоком АД. Повеќе од 10 години на пазарот нуди широк спектар на услуги од областа на широкопојасен интернет пристап, телефонија, изнајмени линии, хостирање и колокација на опрема. Започнува нудејќи услуги на бизнис-корисници со капацитет не поголем од неколку мегабити во секунда (Mbps), а денес услуги на бизнис и домашни корисници преку WiMAX безжична технологија и сопствена оптичка мрежа со гигабитен (Gbps) капацитет.

isne38

Професионален тим

Во Неотел работи висококвалификуван кадар кој постојано ги следи светските технолошки трендови. Благодарените на своите вработени со препознаена стручност во телекомуникациската област, Неотел е познат по својата иновативност и темелност во изнаоѓањето специјализирани и функционални решенија за своите корисници.

53_MTU0MyAtIENsaWVudHM

Достапност на сервиси

Како интернет провајдер, на пазарот сме независни во однос на интернет капацитетот, односно располагаме со повеќе интернационални интерконекции преку сопствената оптичка мрежа. Со развивањето на сопствена оптичка мрежа и радиомрежа нашите висококвалитетни сервиси се достапни на поголемиот дел од територијата на Р. Македонија.
Како единствен WiMAX оператор во Македонија, нашите безжични услуги се достапни во поголемите градови на државата со план да се шири во текот на годините. Покрај стандардните фиксни услуги на интернет пристап и фиксна телефонија, WiMAX мрежата на Неотел нуди и преносен интернет пристап преку USB модем којшто овозможува користење на интернет конекцијата секаде каде што има покриеност со сигнал.
Располагаме со различни високотехнолошки решенија со цел да бидеме подостапни до сите корисници и да обезбедиме најдобар квалитет на нашите услуги, добро познат на нашите долгогодишни клиенти.
Покрај безжичната WiMAX технологија и оптичкото поврзување нудиме асиметричен пристап (ADSL) со што нашите телекомуникациски услуги се достапни на целата територија на Република Македонија.

6_MDEyMjhh (1)

Визија

Нашата визија е да бидеме препознаени како лидер во телекомуникациската сфера во Република Македонија нудејќи комбинација од врвен квалитет и пристапни цени на понудените услуги. Нашите начела се одговорни и базирани на цврсто поставени вредности и деловни принципи. Услугите кои ги нудиме претставуваат значаен дел од секојдневието како образованието, работата и задоволствата, преку кои тежнееме кон свет со подобри можности.

content

Мисија

Нашата мисија е на своите домашни и деловни корисници да им обезбедиме квалитетен пристап до нашите телекомуникациски сервиси кои ќе им овозможат едноставна и ефикасна комуникација, а истовремено да ги обезбеди неопходните стандарди за заштита на животната средина.

black_target
Дознајте повеќе на (02) 55 11 155 или оставете го вашиот број
за ние да ве контактираме