Пакети со уште побрз интернет и со 50 отсто попуст од Неотел

Нови пакети, со поголемибрзинина интернет пристапот и со 50 отсто попуст на претплатата во првите 3 месеци е најновата понуда од Неотел. Тримесечниот попуст се однесува за сите нови договори со траење од 2 години за neoTrio, пакетите што вклучуваат интернет, телевизија и телефон, како и за пакетите само за интернет и телефон.

Компанијата Неотел во изминатиот период работеше на воведување нови технологии и надградување на постојната безжична мрежа, што придонесе за понудата на нови пакети со зголемени брзини на интернет пристапот. Со надградбата на мрежата во Скопје се овозможени зголемени брзини за безжичниот интернет за домашни корисници, додека пак истата етапно ќе продолжи и во останатите градови од државата.

Покрај тоа што Неотел е препознатлив на пазарот по оптичкото поврзување за деловни корисници, сега истата услуга ја направи достапна и за домашните корисници. Со континуираното проширување на оптичката мрежа, Неотел на домашните корисници им нуди оптички интернет пристап од 100 Mbps со симетрична брзина.Во периодов овие брзини на оптичкиот интернет пристап се достапни за граѓаните на Скопје, Тетово, Куманово и Битола, каде што се проширува мрежата до крајните корисници.

Понудата и поволностите од Неотел започнуваат од 1 септемврии ќе бидат активни се до 15 октомври 2017, до кога ќе трае промотивниот период.

Nova korporativna strana

Пакети со уште побрз интернет и со 50 отсто попуст од Неотел

Пакети со уште побрз интернет и со 50 отсто попуст од Неотел

Пакети со уште побрз интернет и со 50 отсто попуст од Неотел

Дознајте повеќе на (02) 55 11 155 или оставете го вашиот број
за ние да ве контактираме