За нас  /  За Неотел

Историја

Неотел ДОО е телекомуникациски оператор формиран во 2004 година со македонски капитал од страна на реномираната ИТ компанија, Неоком АД. Повеќе од 10 години на пазарот нуди широк спектар на услуги од областа на широкопојасен интернет пристап, телефонија, изнајмени линии, хостирање и колокација на опрема. Започнува нудејќи услуги на бизнис-корисници со капацитет не поголем од неколку мегабити во секунда (Mbps), а денес услуги на бизнис и домашни корисници преку WiMAX безжична технологија и сопствена оптичка мрежа со гигабитен (Gbps) капацитет.

isne38

Професионален тим

Во Неотел работи висококвалификуван кадар кој постојано ги следи светските технолошки трендови. Благодарените на своите вработени со препознаена стручност во телекомуникациската област, Неотел е познат по својата иновативност и темелност во изнаоѓањето специјализирани и функционални решенија за своите корисници.

53_MTU0MyAtIENsaWVudHM

Достапност на сервиси

Како интернет провајдер, на пазарот сме независни во однос на интернет капацитетот, односно располагаме со повеќе интернационални интерконекции преку сопствената оптичка мрежа. Со развивањето на сопствена оптичка мрежа и радиомрежа нашите висококвалитетни сервиси се достапни на поголемиот дел од територијата на Р. Македонија.
Како единствен WiMAX оператор во Македонија, нашите безжични услуги се достапни во поголемите градови на државата со план да се шири во текот на годините. Покрај стандардните фиксни услуги на интернет пристап и фиксна телефонија, WiMAX мрежата на Неотел нуди и преносен интернет пристап преку USB модем којшто овозможува користење на интернет конекцијата секаде каде што има покриеност со сигнал.
Располагаме со различни високотехнолошки решенија со цел да бидеме подостапни до сите корисници и да обезбедиме најдобар квалитет на нашите услуги, добро познат на нашите долгогодишни клиенти.
Покрај безжичната WiMAX технологија и оптичкото поврзување нудиме асиметричен пристап (ADSL) со што нашите телекомуникациски услуги се достапни на целата територија на Република Македонија.

6_MDEyMjhh (1)

Визија

Нашата визија е да бидеме препознаени како лидер во телекомуникациската сфера во Република Македонија нудејќи комбинација од врвен квалитет и пристапни цени на понудените услуги. Нашите начела се одговорни и базирани на цврсто поставени вредности и деловни принципи. Услугите кои ги нудиме претставуваат значаен дел од секојдневието како образованието, работата и задоволствата, преку кои тежнееме кон свет со подобри можности.

content

Мисија

Нашата мисија е на своите домашни и деловни корисници да им обезбедиме квалитетен пристап до нашите телекомуникациски сервиси кои ќе им овозможат едноставна и ефикасна комуникација, а истовремено да ги обезбеди неопходните стандарди за заштита на животната средина.

black_target

За нас  /  Политика за ИМС

Политика за управување со квалитет и животна средина

Политиката за квалитет на Неотел ДОО е обезбедување на високо ниво на задоволство кај корисниците преку испорака на професионални, квалитетни и конкурентни производи и услуги во областа на телекомуникациите, истовремено водејќи сметка за најновите достигнувања во информатичките технологии и заштитата на животната средина.

Неотел ДОО е посветен на своите корисници, поттикнувајќи ги вработените да ја имплементираат оваа политика преку почитување на следниве принципи:

  • Фокусираност кон корисниците преку разбирање на потребите и желбите и обезбедување на услуги во согласност со нивните потреби;
  • Континуирано подобрување на перформансите и услугите со цел обезбедување квалитет и постојана заштита на животната средина;
  • Градење партнерски односи со добавувачите со цел исполнување на наши барања поврзани со квалитетно и континуирано снабдување со производи;
  • Усогласеност со законските и други барања за заштита на животна средина;
  • Заштита од загадување преку постојана контрола и намалување на загадувањето;
  • Влијание врз свеста на луѓето за важноста на зачувувањето на животната средина;
  • Водење грижа за животната околина, односно придржување до барањата на стандардот, одржување и перманентно подобрување на системот за менаџмент со квалитет согласно барањата на интегрираниот менаџмент систем ISO 9001:2008 и 14001:2004
tuvcert

За нас  /  Продажни партнери

  • Анхоч – ГТЦ Скопје

    Адреса:
    ГТЦ Приземје, Скопје
    Телефон: 02/3215-068
    Работно време:
    пон.-пет. 09:00-20:30
    саб.09:00-20:00
    www.anhoch.com
  • Анхоч ТЦ Буњаковец Скопје

    Адреса:
    ТЦ Буњаковец приземје, Скопје
    Телефон: 02/3217-528
    Работно време:
    пон.-пет. 09:00-20:30
    саб.09:00-16:00
    www.anhoch.com
  • Анхоч – Веро Центар Скопје

    Адреса:
    Веро Центар приземје, Скопје
    Телефон:
    02/3232-632
    Работно време:
    Секој ден 10:00-22:00
    www.anhoch.com
  • Анхоч – City Mall Скопје

    Адреса:
    City Mall, приземје, Скопје
    Телефон:
    02/3051-340
    Работно време:
    Секој ден 10:00-22:00
    www.anhoch.com
  • Анхоч – ТЦ Рамстор Скопје

    Адреса:
    ТЦ Рамстор приземје, Скопје
    Телефон:
    02/3119-881
    Работно време:
    Секој ден 10:00-22:00
    www.anhoch.com
  • Анхоч – TЦ Бисер Скопје

    Адреса:
    TЦ Бисер – Нас. Аеродром
    Телефон: 02/2451-407
    Работно време:
    пон.-пет. 09:00-21:00
    саб.10:00-16:00
    www.anhoch.com
  • Анхоч – Охрид

    Адреса:
    Бул. Македонски Просветители – Охрид бр. 13а
    Телефон: 046/260-442
    Работно време:
    пон.-пет. 09:00-21:00
    саб.09:00-17:00
    www.anhoch.com
  • Неотел Нет ДОО Битола

    Адреса:
    ул. Виенска бр.16, Битола
    Телефон:
    047/550 010
    Работно време:
    пон.-пет. 08:00-16:00
  • НЕТ и КОМ ДОО
    Св. Николе

    Адреса:
    Кочо Рацин бр. 35, Св. Николе
    Телефон: 032/440-336
    Работно време:
    пон.-пет. 09:00-17:30
    саб.09:00-14:00
    www.netcom.com.mk
  • НИНЕКС Струмица

    Адреса:
    Младинска 146, Струмица
    Телефон: 034/327-123
    Работно време:
    пон.-пет. 09:00-17:00
    саб.09:00-15:00
    www.nineks.com.mk
  • ДАРС Компјутери ДООЕЛ
    Кратово

    Адреса:
    Гоце Делчев бр. 55, Кратово
    Телефон: 076/977-340
    Работно време:
    пон.-пет. 09:00-19:00
    саб. 09:00-14:00
  • К-Нет Куманово

    Адреса:
    ул. Тане Георгиевски Б.Б., Куманово
    Телефон:
    031/ 550 550
    www.k.net.mk
  • Неон Системи Тетово

    Адреса:
    ул. Илинденска 215, Тетово
    Телефон: 044/ 550 315
    Работно време:
    пон.-пет. 09:00-17:00
    www.neon.mk
  • Интек Струга

    Адреса:
    ул.Пролетерски Бригади, Струга
    Тел.: 046/ 552 550; 075/ 287 622
    Работно време:
    пон.-пет.09:00-20:00 саб.09:00-20:00
    www.intek.com.mk
  • Адвансед Дигитал Нетворк Кичево

    Адреса:
    ул. Александар Македонски Б.Б., Кичево
    Телефон:
    045/ 550 500
  • ММ Комерц – Гостивар

    Адреса:
    ул. Илинденска 130, Гостивар
    Телефон:
    075/314-450
    Работно време:
    пон.-саб. 09:00-21:00
  • ТИВОЛИ ДООЕЛ ОХРИД

    Адреса:
    Бул.Туристичка 36, Охрид
    Телефон: 046/ 279 495
    Работно време:
    пон.-пет.10:00-15:00 18:00-21:00
    саб.10:00-15:00
  • Бит Системи Велес

    Адреса:
    ул. Илинденска 4, Велес
    Телефон: 043/ 551 919
    Работно време:
    пон.-пет.08:00-13:00 15:00-20:00
    саб.09:00-13:00
  • Кортек МБ Скопје

    Адреса:
    Бул. Маркс и Енгелс бр. 3/6-4, Скопје
    Телефон:
    02/ 3239 977
  • Релисис Скопје

    Адреса:
    ул. Прашка бр.23, Скопје
    Телефон:
    02/3131 102
    Работно време:
    пон.-пет. 08:00-16:00

За нас  /  Контакт

ЛОКАЦИЈА

Неотел ДОО – Скопје
Бул. Кузман Јосифовски Питу бр. 15,
1000 Скопје, Македонија

КОНТАКТ ТЕЛЕФОН

Приватни корисници – продажен салон

+ 389 (2) 55 11 155

Деловни корисници

+ 389 (2) 55 11 188

Техничка поддршка

+389 (2) 55 11 111

РАБОТНО ВРЕМЕ

Администрација
Понеделник до петок од 08ч – 16ч.

НЕОТЕЛ салон
Понеделник до петок од 09 – 20 часот
Сабота од 9:30 – 15:30 часот
Летно работно време (август)
Понеделник до петок од 09 – 16 часот
Сабота од 9:30 – 15:30 часот

ИСПРАТИ ПОРАКА