IP Centrex – модерно решение за фиксна телефонија

IP Centrex идеално решение за фиксна телефонија во вашата компанија

IP Centrex е современо решение за телефонски услуги во кое IP – базираната PBX централа е лоцирана во просториите на Неотел. Вашата компанија се поврзува со клиентите преку интернет врска. Затоа, за да ја користите оваа услуга потребно е да имате стабилна интернет конекција, обезбедена од страна на Неотел. IP Centrex нуди говор преку IP и други IP базирани услуги, како и поврзување на конвенционални телефонски системи (PSTN).

Наменета е за корисници кои сакат да ги имаат карактеристиките на PBX без придружните трошоци како што се капитални трошоци, закуп и одржување. Оваа услуга е интересна и за оние кои прават преселба на компaнијата, имаат нова локација или бараат замена за застарениот PBX.

Предности:

  • Без потреба од сопствена телефонска централа
  • Без трошоци за сервис и одржување на телефонска централа
  • Едноставна комуникација меѓу вработените со брзо бирање на кратки броеви (локали)
  • Лесно подесување на функционалностите и капацитетот во зависност од потребите на вработените
  • Функционалности како: префрлување, пренасочување, распределување на повици и др.
  • Поврзување на канцеларии на различни локации низ земјата, кои треба да се поврзани на мрежата на операторот

sip2

Функционалности кои ги содржи IP Centrex:

  • Hunt групи
  • Услуга Менаџер-Асистент (Manager Assistant Service)
  • Преземање на појдовен повик (Call Pickup)
  • Повратен повик
  • Ноќен мод (рестрикција на времето кога одредени локали можат да се користат)
  • Префрлување на повик со можности за следните потфункции:
    • Доколку е зафатено
    • Доколку не се одговори на повикот за одреден временски интервал
    • Селективно пренасочување
    • Доколку повикот е во определено време од-до(Timetables)
    • Пренасочување на повикот веднаш
  • Повик на чекање со задржување на врската
  • Конференциска врска со тројца учесници
  • Дедицирана конференција (со користење на PIN)
  • Web портал за управување со услугата од страна на компанијата
  • IVR (Interactive voice response), со доплата
ТАРИФИРАЊЕ КАЈ IP CENTREX
Начин на тарифирање по секунда
Локални разговори во мрежата на Неотел 0,40ден./мин.
Локални разговори кон други фиксни мрежи-нормална тарифа (08.00h-20.00h) 0,95ден./мин.
Локални разговори кон други фиксни мрежи-евтина тарифа (20.00h-08.00h) 0,55 ден./мин
Национални разговори во мрежата на Неотел 0,85ден./мин.
Национални разговори кон други фиксни мрежи –нормална тарифа (08.00h-20.00h) 1,50ден./мин.
Национални разговори кон други фиксни мрежи-евтина тарифа (20.00h-08.00h) 1,00ден./мин.
Мобилни мрежи разговори, секој ден од 00:00 до 24:00 часот 6,80 ден./мин.

ВИРТУЕЛНА ТЕЛЕФОНСКА ЦЕНТРАЛА – IP CENTREX

До 8 локали

  • Tарифирање по секунда
  • Еднократен надомест 2.400 ден.*

150 ден./мес.*


Нарачај

До 15 локали

  • Tарифирање по секунда
  • Еднократен надомест 4.500 ден.*

130 ден./мес.*


Нарачај

До 30 локали

  • Tарифирање по секунда
  • Еднократен надомест 9.000 ден.*

110 ден./мес.*


Нарачај

До 50 локали

  • Tарифирање по секунда
  • Еднократен надомест 15.000 ден.*

100 ден./мес.*


Нарачај

Над 50 локали

  • Tарифирање по секунда
  • Еднократен надомест 24.000 ден.*

90 ден./мес.*


Нарачај

*Цената важи за договор на 24 месеци
Цените се без ДДВ 18%

IP Centrex – модерно решение за фиксна телефонија

IP Centrex – модерно решение за фиксна телефонија

IP Centrex – модерно решение за фиксна телефонија

Дознајте повеќе на (02) 55 11 188 или оставете го вашиот број
за ние да ве контактираме