Прашања и одговори

Прашања и одговори

Општи прашања

Хелпдеск е систем за корисничка поддршка, кој им овозможува на нашите корисници пријавување и следење на нивните проблеми преку интернет. Функционира како еден вид на интернет форум којшто можете да комуницирате со нашиот персонал за кои и да е прашања, проблеми, предлози или забелешки.

За пријавување на проблеми преку интернет можете да го користите Хелпдеск центарот вграден во корисничкиот портал.

  • Најпрво логирајте се со вашето корисничко име и лозинка.
  • Од менито Сервиси изберете Корисничка поддршка.
  • За да пријавите нов проблем, килкнете Пријави проблем.
  • Внесете ги релевантните информации во наведените полиња и кликнете Зачувај, на дното на страната.

Откако ќе пријавите проблем, нашиот тим ќе ви одговори во најкраток можен рок. Одговорот ќе ви пристигне на e-mail адресата со која сте заведени во порталот (може да ја промените во Ваши Детали).

За времетраењето на договорот миграции од еден во друг пакет се дозволени само и исклучиво во пакет од исто или повисоко ниво на претплата. За времетраењето на договорот не се дозволени миграции во пакет од пониско ниво на претплата, а за да се направи истото треба да истече договорот или пак да се платат пенали за предвремено раскинување на Договорот и да се потпише нов Договор за избраниот пакет.

Доколку се користи само интернет пристап на корисниците им се дава на користење WiMAX антена (која во зависност од техничката можност може да биде внатрешна или надворешна). Доколку се користи и телефонија, освен антената корисникот добива и рутер за телефонија преку кој се реализира самата услуга.Покрај опремата, корисниците добиваат и мрежен кабел неопходен за поврзување. Опремата се дава на користење во текот на целото времетраење на договорот, а по истекот на договорот се враќа во Неотел.

Може да се задржи постоечкиот број од другиот оператор, а притоа корисникот да премине во мрежата на Неотел. Предуслов за задржување на бројот е корисникот да ги има подмирено сите сметки на операторот од каде што се портира бројот и да нема никаков долг (доколку се портира од Македонски Телеком, ова значи дека корисникот треба да ги има подмирено сите обврски кон Телеком). Корисникот не го раскинува договорот склучен со другиот оператор, туку преоѓа во Неотел и пополнува барање за пренесување на бројот а потоа постапката се води помеѓу операторите.Цената на портирањето на бројот е 200 денари еднократно и истиот надомест се плаќа на операторот од каде што се портира бројот, бидејќи бројот е во нивна сопственост пред да се изврши портирањето. Доколку, на пример, се портира од Македонски Телеком – ќе ви пристигне фактура од Македонски Телеком на износ од 200 денари без ДДВ, која што мора да се подмири за да корисникот има сервисод Неотел.

Фактурите се подмируваат на шалтерите на Македонски Пошти, во сите банки во Македонија како и преку системот за електронско плаќање на https://support.neotel.com.mk/epay Фактурите не може да се подмируваат во продажниот салон на Неотел.

Прашања за neoTV

Наједноставен начин за поврзување на интернет е преку Settings апликацијата која можете да ја стартувате на неколку начини: со клик на копчето Settings на далечинското, со клик на иконата за подесување во горниот десен агол или преку главното мени во почетниот екран (launcher-от). Откако ќе ја стартувате, во опцијата Network можеме да ги дефинираме мрежните подесувања. Доколку сакаме уредот безжично да го поврземе на интернет преку Wi-Fi мрежа, ја одбираме опцијата Wi-Fi, при што од десната страна се појавуваат достапните Wi-Fi мрежи. Откако ќе ја одбереме саканата мрежа, потребно е да се внесе соодветната лозинка за мрежата (клик на ОК копчето над соодветното поле за внесување на лозинка, при што се појавува тастатура за внесување на лозинката). Ако лозинката е внесена успешно, од десната страна се појавува нотификација за успешно поврзување. Доколку пак сакаме жичена Ethernet интернет конекција преку соодветно поврзан Ethernet кабел во уредот, ја одбираме опцијата Ethernet. Уредот сам ќе воспостави интернет конекција.

Од горното мени, кога апликацијата е вклучена, се одбира подменито Опции. Тоа се прави со притискање на стрелката долу на далечинскиот управувач, па потоа се бара иконата Опции со притискање на лево и десно стрелките, и се притиска ОК. Потоа на екранот се одбира иконата Корисник. На екранот се појавуваат податоци за корисникот, а копчето за промена на пинот е во левиот дел од екранот (фокусот е автоматски на ова поле). Со негово притискање се појавува екран каде прашува за претходниот пин и внес на новиот пин. Пинот е, всушност, комбинација од 4 бројки, кои се внесуваат преку далечинското. При успешно променет ПИН, се појавува екран со таа информација. Почетниот ПИН е секогаш 0000. Се препорачува веднаш да го смените штом започнете со користење на сервисот.

Ако го заборавите ПИН бројот, тогаш најдобро е да се јавите на бројот за техничка поддршка.

Можете да гледате содржини кои изминале најмногу до 3 дена. Овие содржини се дел од Снимки и до нив можете да пристапите преку десното EPG мени од саканиот канал, при што со стрелките горе/доле ги листате содржините, односно преку Снимки од главното мени од горната страна. Во Снимки го одбирате саканиот канал и со стрелките горе/доле ја барате саканата емисија. Ја пуштате со ОК копчето.

Снимањето се закажува преку EPG менито со долг клик на ОК копчето (неколку секунди) на саканата емисија, при што од дијалог прозорецот кој се отвора одбираме Закажи снимање! Вториот начин е преку категоријата Водич од главното мени, на ист принцип, со долг клик на саканата емисија.

Со користење на time-shift опцијата, максимум до 1 час наназад. За користење на time shift-от се користат копчињата (за враќање наназад) и (нанапред) и копчето за стопирање на саканата позиција. Доколку користите глувче, кликнете на time shift лентата и задржете. Со влечење на глувчето лево/десно се движите наназад/нанапред низ времето. Кога ќе стигнете до саканата позиција го пуштате кликот. Времето за кое сте вратиле наназад се прикажува во квадратче над time-shift лентата. За враќање во живо кликнете на копчето во живо десно над time shift лентата или притиснете на Live копчето на далечинското.

Каналите се заклучуваат во делот за родителска контрола (Главно мени -> Опции -> Родителска контрола). При влезот во оваа поткатегорија ќе биде побарано да внесете PIN код, код со кој ќе може да ги отклучувате каналите кои се заклучени. Доколку претходно не е променет од Ваша страна, PIN кодот е 0000. Во рамките на родителската контрола, ќе се појави листа со сите канали од neoTV кои може да ги отклучувате/заклучувате со едноставен клик на ОК копчето. Кога ќе го пуштите заклучениот канал, во долниот дел од екранот ќе се појави известување Каналот е заклучен. Кликнете ОК за да го отклучите! Откако ќе притиснете ОК и ќе го внесете PIN кодот, каналот се отклучува.

Главен предуслов за следење на neoTV е широкопојасна интернет конекција. Доколку сет топ боксот е поврзан на интернет конекција со ниска битска брзина (под 1Mbps), ќе се јави „сецкање“ на видео сигналот. Доколку користите безжична (WiFi) Интернет конекција, проблем може да биде WiFi рутерот. Доколку пак проблем е ниска битска брзина, Ве молиме контактирајте го Вашиот интернет провајдер.

Далечинското е оптимизирано за користење со neoTV апликацијата, а не за сите андроид апликации. Во овој случај Ви препорачуваме користење на глувче.

Ова известување се појавува доколку не сте активни (не сте смениле канал или сте притиснале копче на далечинското) повеќе од 2 часа. Во случај да сте го заборавиле сет топ боксот непотребно вклучен (не ја гледате телевизијата), после 2 часа апликацијата сама се исклучува со цел да се спречи непотребно зголемување на потрошувачката на интернет сообраќајот.

Преземете ја специјалната Android™ апликација на нашата веб страница neotv.mk (RemoteIME) и инсталирајте ја на вашиот Android™ смарт уред. Потоа со притискање на settings копчето на далечинскиот управувач ја вклучувате апликацијата за подесувања, во делот Advanced ја вклучувате опцијата Remote Settings. Напомена: Смарт уредот мора да биде вклучен на истата безжична мрежа со Set Top Box-от.

Прашања и одговори

Прашања и одговори

Прашања и одговори

Дознајте повеќе на (02) 55 11 155 или оставете го вашиот број
за ние да ве контактираме