Телевизија  /  Што е neoTV?

Нудиме нов концепт на интерактивна телевизија достапна не само на вашиот телевизор. Сега ви нудиме гледање на било кој смарт уред кога сакате од каде сакате!

Што е neoTV?

Што е neoTV?

Нов концепт на интерактивна телевизија!

Модерниот начин на живеење бара модерен пристап во гледањето телевизија. NeoTV го овозможува токму тоа. Освен што ги овозможува сите погодности од модерниот начин на гледање на телевизија, како што се паузирање, премотување и снимање на програмата во живо, вклучувајќи електронски програмски водич, neoTV сите овие бенефити ги нуди на кој и да е уред и насекаде каде што има интернет.

k1

Интерактивна телевизија

NeoTV ги овозможува сите погодности што ги нуди IP телевизијата. Со неа може да паузирате, премотувате или да закажувате снимање на програмата во живо преку електронскиот програмски водич (EPG). Секако вклучени се опциите за родителска контрола, снимки со целата програма од националните канали од последните три дена како и можност за слушање радио станици. Она што ја прави уште подобра оваа можност е што на еден телевизор може да има повеќе профили со различни подесувања, така што според тоа кој е најавен на neoTV апликацијата во омилени канали ќе се прикажуваат оние програми кои корисникот ги избрал.

Модерен уред за највпечатливо искуство

NeoTV користи Android™ базиран уред кој нуди напредни можности и гледањето телевизија го поставува на едно повисоко ниво. Истиот работи како за новите LCD телевизори така и за старите CRT телевизори. Базиран на Android™ платформата neoTV уредот овозможува инсталација на сите апликации кои ги користите и на вашиот мобилен. Уредот е целосно отворен и секоја посакувана апликација од Google Play Store може да ја преземете и да ја користите.

ured-interaktivna-televizija

Сакате повеќе информации?

Јавете се на 02/55 11 155 или оставете контакт број во полето




Дознајте повеќе на (02) 55 11 155 или оставете го вашиот број
за ние да ве контактираме