Информатичко комуникациската опрема како можен преносител на зарази

Во моментов ги миеме нашите раце повеќе од било кога, но често забораваме дека огромен број на микроби се скриени на нашите компјутери, таблети, мобилни телефони, далечински управувачи, па дури и нашите ТВ уреди. Затоа е неопходно да се води соодветна дезинфенкција и на овие електронски уреди.
Основно е тоа да не ги допирате вашите електорнски уреди пред да ги измиете вашите раце.

ПРЕПОРАКА

Деcктоп и лаптоп компјутери

За да се зашитите од потенцијални заразни заболувања неопходно е редовно дезинфицирање на вашите десктоп и лаптоп компјутери.

Доколку сакате редовно да ги дезинфицирате, направете го тоа со специјални антибактериски течности, слични на оние кои ги користиме за чистење на рацете. Може на дел од површините да користите и 70% Алкохол или Дезентал.

Кога вршите дезинфицирање на вашите монитори бидете претпазливи и правете го тоа со специјални средства наменети за таа намена. Во случај да имате потврди дамки, пробајте првично да го избришете вашиот екран со микрофибер крпа натопена со топла вода.

Согласно произведителите се предупредува да не се користи Ацетон за чистење на вашите монитори, бидејќи истиот може да направи трајно оштетување.

За вашите тастатури и глувчиња користете 70% Алкохол или Дезентал. Бришењето се врши со предходно нанесен раствор на микробиотичка крпа. Се брише нежно, да не дојде до оштетувања на копчињата. За недостапните места може да искористите чепкалки за заби или чепкалки за уши.

Имајте предвид дека моќните средства за чистење, кои ги користиме во домаќинството, може да предизвикаат оштетување на електронските уреди. Од таа причина, ве предупредуваме да внимавате со кои средства ја вршите дезинфекцијата.

 

Далечинско и телевизор

Особено внимание треба да се посвети на вашите далечински управувачи. Тие се носители на најголем број на честички. Се препорачува темелно чистење со 70% Алкохол или Дезентал. Дезинфицирањето може да се повтори  повеќе пати дневно. По користење се препорачува да се измијат рацете.

За вашите ТВ приемници треба висока претпазливост и чистење со средства наменети за дезинфицирање на екрани. Практикувајте дезинфицирањето да се врши кога вашиот телевизор е изгаснат и кога бил надвор од употреба.

rsz_shutterstock_1669070182
rsz_shutterstock_1661185801

Таблети и смартфони

Огромен број на честички се кријат на вашите екрани и покрај тоа што изгледа навидум чист. Избегнувајте да ги користите пред да ги дезинфицирате вашите раце.

Се препорачува често пребришување со Дезентал и микробиотичка крпа. Може да се искористат и специјалните марамчиња за дезинфекција на електронски уреди кои се за еднократна употреба. 

Доколку се решите да ги дезинфикцирате подетално ве молиме бидете внимателни со уредите кои не се водоотпорни за да го избегнете евентуално оштетување.

rsz_shutterstock_1663353481

*Напоменa: Пред секое дезинфицирање на вашите уреди. Ве молиме најпрво исклучете ги од струја или извадете ги батериите и не нанесувајте течности директно на иситите. Течностите прво нанесете ги на микрофибер крпа, потоа со крпата пребришувајте ја површината на електронските уреди.

Детални информации во врска со корона вирусот COVID-19 како и препораки за начините за заштита од истиот може да најдете на официјалната страна на Министерството за здравство.

Вести

Преземени превентивни мерки за заштита од ширење на Корона вирусот од страна на НЕОТЕЛ

Поради новонастанатата состојба со можното ширење на Корона вирусот во државата, НЕОТЕЛ, презеде превентивни мерки за зашитата на своите вработени. Покрај набавката на заштитни средства

Повеќе »

Известување за ТВ-канал DaVinci Learning

Известување за исклучување на ТВ-канал DaVinci Learning Почитувани, Ве известуваме дека од 20.11.2019 година, програмскиот сервис/ТВ каналот “DaVinci” нема да биде дел од понудата на

Повеќе »