НЕОТЕЛ со поддршка за своите корисници – многу ТВ канали за позабавен престој дома!

Имајќи ги во предвид заострените мерки за превенција од корона вирусот COVID-19, НЕОТЕЛ во знак на поддршка и со цел да ги охрабри сите свои корисници да останат дома, до крајот на месецот, им ги активира бесплатно каналите од ТВ пакетите Балкан + (13 канали со содржина од регионот) и Тринг Бејзик (15 канали со содржина на албански јазик).

Дополнително, за љубителите на добриот филм, НЕОТЕЛ ја отвори платформата Cinesquare со бројни филмски содржини со македонски превод. Сите кои што ќе ја активираат опцијата Cinesquare ќе може да гледаат бесплатно во наредните 15 дена. Повеќе инфо на https://neotel.mk/cinesquare/

Во насока на применување на мерките за превенција од ширењето на вирусот, се замолуваат корисници да ги користат дигиталните канали за комуникација (комуникација преку веб страната на НЕОТЕЛ, пораки на социјалните медиуми како и електронска пошта) како и достапниот телефон 02/55 11 155. Воедно препорачуваме корисниците да ги избегнуваат шалтерите за плаќање и да го искористат електронскиот начин на плаќање преку веб страната на НЕОТЕЛ.

Согласно со препораките од Министерството за здравство како мерки за превенција, како што информиравме преку социјалните медиуми, продажниот салон ќе работи со скратено работно време од 09:00 до 18:00 часот во работните денови и сабота од 9:30 до 14:00 часот.

Доколку е неопходно клиентите да го посетат продажниот салон, апелираме да се придржуваат на укажаните препораки:

  • Да ги дезинфицираат рацете при влегување во салонот
  • Доколку во салонот има веќе посетител, да почекаат пред салонот додека не излезе посетителот
  • Да држат безбедно растојание од еден до два метри од другите посетители
  • По можност да носат ракавици и заштитна маска
 
#останетедома
Вести

Преземени превентивни мерки за заштита од ширење на Корона вирусот од страна на НЕОТЕЛ

Поради новонастанатата состојба со можното ширење на Корона вирусот во државата, НЕОТЕЛ, презеде превентивни мерки за зашитата на своите вработени. Покрај набавката на заштитни средства

Повеќе »