MK  |  SQ   ☎ 02/55 11 155   Контакт | Гледај neoTV веднаш

Search

Историја

НЕОТЕЛ ДОО е телекомуникациски оператор формиран во 2004 година со македонски капитал од страна на реномираната ИТ компанија, Неоком АД. Повеќе од 15 години на пазарот нуди широк спектар на услуги од областа на широкопојасен интернет пристап, фиксна телефонија, изнајмени линии, хостирање и колокација на опрема. Започнува нудејќи услуги на бизнис-корисници со капацитет не поголем од неколку мегабити во секунда (Mbps), а денес услуги на деловни и домашни корисници преку LTE безжична технологија и сопствена оптичка мрежа со гигабитен (Gbps) капацитет. Во рамките на своето портфолио, во 2016 година воведува сопствена IPTV платформа со конкурентни функционалности развивана од домашни инженери.

 

Професионален тим

Во НЕОТЕЛ работи висококвалификуван кадар кој постојано ги следи светските технолошки трендови. Благодарение на своите вработени со препознаена стручност во телекомуникациската област, НЕОТЕЛ е познат по својата иновативност и темелност во изнаоѓањето специјализирани и функционални решенија за своите корисници.

Достапност на сервиси

Како интернет провајдер, на пазарот сме независни во однос на интернет капацитетот, односно располагаме со повеќе интернационални интерконекции преку сопствената оптичка мрежа. Со развивањето на сопствена оптичка мрежа и радиомрежа нашите висококвалитетни сервиси се достапни на поголемиот дел од територијата на Р. С. Македонија.
Располагаме со различни високотехнолошки решенија со цел да бидеме подостапни до сите корисници и да обезбедиме најдобар квалитет на нашите услуги, добро познат на нашите долгогодишни клиенти.
Покрај безжичната LTE технологија и оптичкото поврзување нудиме асиметричен пристап (ADSL & VDSL) со што нашите телекомуникациски услуги се достапни на целата територија на Р. С. Македонија.

Визија

Нашата визија е да бидеме препознаени како лидер во телекомуникациската сфера во Република Македонија нудејќи комбинација од врвен квалитет и пристапни цени на понудените услуги. Нашите начела се одговорни и базирани на цврсто поставени вредности и деловни принципи. Услугите кои ги нудиме претставуваат значаен дел од секојдневието како образованието, работата и задоволствата, преку кои тежнееме кон свет со подобри можности.

Мисија

Нашата мисија е на своите домашни и деловни корисници да им обезбедиме квалитетен пристап до нашите телекомуникациски сервиси кои ќе им овозможат едноставна и ефикасна комуникација, а истовремено да ги обезбеди неопходните стандарди за заштита на животната средина.

 
small_c_popup.png

Оставете ни ги вашите податоци и ние ќе ве контактираме во најкраток можен рок.