Почитувани корисници,
изминатиот викенд се соочивме со технички проблем кој предизвика прекин во функционирањето на телевизиската услуга.
Проблемот започна во петокот, во 20:30 часот, а телевизиските услуги, заедно со поволностите достапни преку апликацијата, беа повторно ставени во функција во саботата во 13:00 часот.
Свесни сме дека овој прекин предизвика непријатности и влијаеше на Вашето корисничко искуство, за што искрено Ви се извинуваме.
Ви благодариме за трпението и разбирањето во периодот додека нашите технички тимови напорно и интензивно работеа на надминување на проблемот.
Паралелно со активностите за подобрување на стабилноста на постојната услуга, работиме и на развој и имплементација на нова верзија на телевизиската апликација, со која сакаме да овозможиме подобрено, посовремено и поквалитетно телевизиско искуство.
Планирано е во текот на наредниот месец новата апликација постепено да им биде достапна на сите наши корисници. За начинот на пристап, инсталација и сите дополнителни информации ќе Ве известиме навремено преку нашите официјални комуникациски канали.
Ве уверуваме дека Вашето задоволство и квалитетот на услугите што ги нудиме остануваат наш приоритет.
Ви благодариме за трпението, разбирањето и довербата.
Ваш НЕОТЕЛ

