MK  |  SQ   ☎ 02/ 55 11 155    Контакт  Односи со оператори

Search

Виртуелна телефонска централа IP Centrex

IP Centrex

IP Centrex е современо решение за телефонски услуги во кое IP – базираната PBX централа е лоцирана во просториите на НЕОТЕЛ. Вашата компанија се поврзува со клиентите преку интернет врска. Затоа, за да ја користите оваа услуга потребно е да имате стабилна интернет конекција, обезбедена од страна на Неотел. IP Centrex нуди говор преку IP и други IP базирани услуги, како и поврзување на конвенционални телефонски системи (PSTN).

Наменета е за корисници кои сакат да ги имаат карактеристиките на PBX без придружните трошоци како што се капитални трошоци, закуп и одржување. Оваа услуга е интересна и за оние кои прават преселба на компaнијата, имаат нова локација или бараат замена за застарениот PBX.

Предности

  • Без потреба од сопствена телефонска централа
  • Без трошоци за сервис и одржување на телефонска централа
  • Едноставна комуникација меѓу вработените со брзо бирање на кратки броеви (локали)
  • Лесно подесување на функционалностите и капацитетот во зависност од потребите на вработените
  • Функционалности како: префрлување, пренасочување, распределување на повици и др.
  • Поврзување на канцеларии на различни локации низ земјата, кои треба да се поврзани на мрежата на операторот

Функционалности кои ги содржи IP Centrex:

  • Hunt групи
  • Услуга Менаџер-Асистент (Manager Assistant Service)
  • Преземање на појдовен повик (Call Pickup)
  • Повратен повик
  • Ноќен мод (рестрикција на времето кога одредени локали можат да се користат)
  • Префрлување на повик со можности за следните потфункции:
    • Доколку е зафатено
    • Доколку не се одговори на повикот за одреден временски интервал
    • Селективно пренасочување
    • Доколку повикот е во определено време од-до(Timetables)
    • Пренасочување на повикот веднаш
  • Повик на чекање со задржување на врската
  • Конференциска врска со тројца учесници
  • Дедицирана конференција (со користење на PIN)
  • Web портал за управување со услугата од страна на компанијата
  • IVR (Interactive voice response), со доплата

IP CENTREX 8

150 ДЕН. месечно
  • До 8 локали
  • Tарифирање по секунда
  • Еднократен надомест 2.400 ден.

IP CENTREX 15

130 ДЕН. месечно
  • До 15 локали
  • Tарифирање по секунда
  • Еднократен надомест 4.500 ден.

IP CENTREX 30

110 ДЕН. месечно
  • До 30 локали
  • Tарифирање по секунда
  • Еднократен надомест 9.000 ден.

IP CENTREX 50

100 ДЕН. месечно
  • До 50 локали
  • Tарифирање по секунда
  • Еднократен надомест 15.000 ден.

IP CENTREX UP

90 ДЕН. месечно
  • Над 50 локали
  • Tарифирање по секунда
  • Еднократен надомест 24.000 ден.

*Цените се без ДДВ 18%. ** Корисникот треба да биде корисник на интернет услугите на НЕОТЕЛ.

Побарајте дополнителни информации

Оставете ни ги вашите податоци и нашите колеги ќе ве контактираат во најкус можен рок.

    small_c_popup.png

    Оставете ни ги вашите податоци и ние ќе ве контактираме во најкраток можен рок.