Неотел, како бизнис-ориентирана компанија, нуди сигурни, стабилни и високодостапни оптички врски во Македонија и регионот. Во градските средини, поседува метро етернет оптичка мрежа до секој деловен центар, бизнис-објект, финансиски институции, државни тела, меѓународни институции и сл.
Во најскоро време Неотел ќе ја овозможи и услугата “Поврзување со Надзорниот информатички систем (НИС)” на Управата за Јавни приходи за следење на прометот кај приредувачите на посебните игри на среќа.
Со измените и дополнувањата на Законот за игрите на среќа и за забавните игри: казина (за автоматите), автомат клубови и обложувалници, имаат обврска од 1. јануари 2013 година да обезбедат Надзорен информатички систем (НИС) кој ќе биде поврзан со Управата за јавни приходи.
Повеќе детали на страницата на УЈП: http://www.ujp.gov.mk/e/javnost/soopstenija/pogledni/367
За да добиете соодветна понуда од Неотел за Вашето поврзување со УЈП, обратете се на sales@neotel.com.mk