Информатичко комуникациската опрема како можен преносител на зарази
Во моментов ги миеме нашите раце повеќе од било кога, но често забораваме дека огромен број на микроби се скриени на нашите компјутери, таблети, мобилни телефони, далечински управувачи, па дури и нашите ТВ уреди. Затоа е неопходно да се води соодветна дезинфенкција и на овие електронски уреди.
Основно е тоа да не ги допирате вашите електорнски уреди пред да ги измиете вашите раце.
ПРЕПОРАКА
Деcктоп и лаптоп компјутери
За да се зашитите од потенцијални заразни заболувања неопходно е редовно дезинфицирање на вашите десктоп и лаптоп компјутери.
Доколку сакате редовно да ги дезинфицирате, направете го тоа со специјални антибактериски течности, слични на оние кои ги користиме за чистење на рацете. Може на дел од површините да користите и 70% Алкохол или Дезентал.
Кога вршите дезинфицирање на вашите монитори бидете претпазливи и правете го тоа со специјални средства наменети за таа намена. Во случај да имате потврди дамки, пробајте првично да го избришете вашиот екран со микрофибер крпа натопена со топла вода.
Согласно произведителите се предупредува да не се користи Ацетон за чистење на вашите монитори, бидејќи истиот може да направи трајно оштетување.
За вашите тастатури и глувчиња користете 70% Алкохол или Дезентал. Бришењето се врши со предходно нанесен раствор на микробиотичка крпа. Се брише нежно, да не дојде до оштетувања на копчињата. За недостапните места може да искористите чепкалки за заби или чепкалки за уши.
Имајте предвид дека моќните средства за чистење, кои ги користиме во домаќинството, може да предизвикаат оштетување на електронските уреди. Од таа причина, ве предупредуваме да внимавате со кои средства ја вршите дезинфекцијата.
Далечинско и телевизор
Особено внимание треба да се посвети на вашите далечински управувачи. Тие се носители на најголем број на честички. Се препорачува темелно чистење со 70% Алкохол или Дезентал. Дезинфицирањето може да се повтори повеќе пати дневно. По користење се препорачува да се измијат рацете.
За вашите ТВ приемници треба висока претпазливост и чистење со средства наменети за дезинфицирање на екрани. Практикувајте дезинфицирањето да се врши кога вашиот телевизор е изгаснат и кога бил надвор од употреба.
Таблети и смартфони
Огромен број на честички се кријат на вашите екрани и покрај тоа што изгледа навидум чист. Избегнувајте да ги користите пред да ги дезинфицирате вашите раце.
Се препорачува често пребришување со Дезентал и микробиотичка крпа. Може да се искористат и специјалните марамчиња за дезинфекција на електронски уреди кои се за еднократна употреба.
Доколку се решите да ги дезинфикцирате подетално ве молиме бидете внимателни со уредите кои не се водоотпорни за да го избегнете евентуално оштетување.
*Напоменa: Пред секое дезинфицирање на вашите уреди. Ве молиме најпрво исклучете ги од струја или извадете ги батериите и не нанесувајте течности директно на иситите. Течностите прво нанесете ги на микрофибер крпа, потоа со крпата пребришувајте ја површината на електронските уреди.
Детални информации во врска со корона вирусот COVID-19 како и препораки за начините за заштита од истиот може да најдете на официјалната страна на Министерството за здравство.
Известување за прекин на емитување на ТВ-канали
Почитувани, Ве информираме дека поради моментално не регулирани права за реемитување, каналите од групата Discovery (Animal Planet, Discovery channel, TLC, Travel Channel, Eurosport 1, Eurosport 2), од понеделник – 01 јануари
Нормализирани услугите преку Дата центар – ШТИП
Почитувани корисници, Би сакале да Ве информираме дека по инцидентот кој се случи во нашиот дата центар во Штип, минатиот четврток (30ти ноември 2023), состојбата
Прекин на услугите во Дата центар – ШТИП
Почитувани корисници, Би сакале да Ве информираме дека во нашиот дата центар во Штип денес се случи неочекуван инцидент од техничка природа, по што настана
In memoriam – г-дин Трајче Черепналковски
In memoriam Г-дин Трајче Черепналковски Со неизмерна тага и неверување известуваме дека денес (06.04.2023), ненадејно почина г-дин Трајче Черепналковски, долгогодишниот директор на телекомуникацискиот оператор –
Известување за привремен прекин на емитување на ТВ-канали
Почитувани, Ве информираме дека понеделник – 13 февруари 2023, привремено ќе бидат исклучени следните канали: RTL HR, RTL HR 2, RTL Kockica, RTL Living Исклучувањето е поради регулирање
Реактивирани ТВ-каналите кои беа времено исклучени
Почитувани, Ве информираме дека од вчера – 27 декември 2022, повторно се вклучени ТВ- каналите кои без исклучени во текот на вчерашниот ден (HRT 1, HRT