Анти-DDoS заштита од Неотел за безбеден континуитет во работењето!

Дали сте заштитени од Cyber напади?

Со се поголемиот број на хакерски напади во последниот период, како во светот па така и кај нас, легитимно си го поставувате прашањето “Дали мојот бизнис е заштитен од DDoS напади?”.

Што е DDoS напад?

DDoS напад се случува кога повеќе надворешни системи ги преоптоваруваат мрежните и системските ресурси на еден или повеќе нападнати системи (најчесто веб сервери). Нападите може да потекнуваат од еден или повеќе компромитирани системи (т.н. botnet). Кога серверот е преоптоварен со конекции или пак има преголемо оптоварување на Интернет линкот, нови конекции повеќе не се прифаќаат што резултира со паѓање/неработење на нападнатите системи.

Какви се последиците од DDoS напад?

Тоа за вашиот бизнис значи потенцијална можност за кражба на податоци, недостапност на услугите кои ги нуди Вашиот бизнис преку интернет како и дополнителни непланирани инвестиции во справувањето со последиците од таквите напади. Од друга страна, последиците од ваквите напади може да бидат и материјални за компанијата како на пример: директни финансиски загуби, загуба на довербата и репутацијата кај клиентите што резултира со намалена продажба и секако намалувањето на рангирањето кај големите веб пребарувачи што ќе влијае на маркетингот на компанијата.

Како да се заштитите?

За да излезе во пресрет на реалните потреби на компаниите, Неотел, повеќе од една година во својата понуда ја има и услугата “Анти-DDoS” која овозможува безбедно и спокојно работење. Станува збор за врвна услуга која на едноставен и ефикасен начин врши заштита од големи DDoS напади со брзини и до 1 Tbps со цел обезбедување на континуитет на основното деловно работење и претставува комплетно автоматизирано решение кое го филтрира сообраќајот од DDoS напади преку Интернет сервисот на Неотел.

Неотел е телекомуникациски оператор кој повеќе од 15 години нуди квалитетни и доверливи услуги на своите клиенти. Покрај добро познатите телекомуникациски услуги како што се оптички интернет, интернет симетричен пристап со загарантирани брзини, виртуелни телефонски централи во своето портфолио нуди значаен Дата центар изграден по највисоки светски стандарди во кој покрај стандардното хостирање овозможува и безбедна високодостапна колокција на опрема.

Повеќе за Анти-DDoS услугата на Неотел проверете на следниот линк.

Вести

Известување до корисниците

Како резултат на новонастанатата состојба со Еуростандард Банка, сакаме да ве известиме дека отсега нема да може да ги вршите вашите уплати за сметки од

Повеќе »
Вести

ПРИВРЕМЕН ПРЕКИНИ НА ТВ-КАНАЛИТЕ КАКО ПРОТЕСТОТ ПОРАДИ НАМЕТНАТИТЕ НЕУСТАВНИ ОБВРСКИ ВО ЗАКОНОТ ЗА АУДИО И АУДИОВИЗУЕЛНИ УСЛУГИ

Почитувани корисници, Сакаме да ве информираме дека сме принудени да почнеме со времени прекини во реемитувањето на сите телевизиски програми, освен јавниот сервис МРТ од

Повеќе »