MK  |  SQ   ☎ 02/55 11 155   Контакт | Гледај neoTV веднаш

Search

In memoriam
Г-дин Трајче Черепналковски

Со неизмерна тага и неверување известуваме дека денес (06.04.2023), ненадејно почина г-дин Трајче Черепналковски, долгогодишниот директор на телекомуникацискиот оператор – НЕОТЕЛ.

Г-дин Черепналковски управуваше со НЕОТЕЛ повеќе од 15 години и ја водеше компанијата низ сите предизвици, успевајќи да ја етаблира во реномиран и доверлив партнер како на домашно така и на интернационално ниво.

Како вработени ќе го паметиме како исклучително скромен и ведар лидер кој несебично се залагаше за својот колектив. Беше човек кој неуморно се залагаше да помогне кога е најпотребно. Широко отворената врата од неговата канцеларија го претставуваше токму неговиот карактер на отворен и срдечен човек.

НЕОТЕЛ, во истовреме, загуби лидер и пријател кој секојдневно ќе ни недостига со неговата мудрост.

Погребот ќе се одржи во сабота 8 април, во капела од 12:00 до 13:00, на градските гробишта “Бутел” во Скопје.

Вечна му слава!

Вести

In memoriam – г-дин Трајче Черепналковски

In memoriam Г-дин Трајче Черепналковски Со неизмерна тага и неверување известуваме дека денес (06.04.2023), ненадејно почина г-дин Трајче Черепналковски, долгогодишниот директор на телекомуникацискиот оператор –

Повеќе »
small_c_popup.png

Оставете ни ги вашите податоци и ние ќе ве контактираме во најкраток можен рок.