In memoriam - проф. д-р Драган Михајлов
Со голема тага и горчина известуваме дека на 12.12.2020 почина проф. д-р Драган Михајлов, еден од основачите и значајна личност за развојот на НЕОТЕЛ како телекомуникациски оператор.
За нас, професорот Михајлов, беше пред се голем пријател и со неговиот тивок труд даде огромен придонес во развојот како на луѓето така и НЕОТЕЛ ДОО.
Неговата позната реплика “Добро сум, ама ќе ми помине”, ја покажуваше неговата секогаш добронамерна досетливост и ведар дух.
НЕОТЕЛ загуби верен пријател кој сите овие години беше тука ненаметливо да помогне со својата мудрост и ценето стручно знање.
Професорот Михајлов, покрај својот огромен придонес во компанијата, за нашата земја е еден од основоположниците и доајените на информатиката како и еден од основачите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).
Нека сеќавањето за него, биде патоказ и мотив за нашиот понатамошен развој!
Вечна му слава!


Известување за времен прекин на услугите на НЕОТЕЛ на 22.06.2022
Почитувани, Ве информираме дека во среда – 22 јуни 2022, во утринските часови, заради надоградба и подобрување на мрежата ќе има времен прекин на услугите

Известување! UEFA Лига на Нации отсега на Arena Sport
Почитувани, Би сакале да ве информираме дека во иднина UEFA Лига на Нации нема да се пренесуваат на каналите SportKlub. Оваа содржина ќе биде достапна

Вонредни убави вести од НЕОТЕЛ!
Во период на бројни постојани поскапувања, НЕОТЕЛ овозможи нова специјална промоција со која на корисниците кои ќе склучат нов договор на 2 години ќе им

SportKlub HD отсега достапен и на neoTV!
Од денеска, на големо задоволство на љубителите на спортските содржини, се збогатува понудата со спортскиот канал SportKlub HD. Сега заедно со останатите спортски канали понудата

Известување – Промена во програмската содржина
Почитувани, Ве известуваме дека од 12.02.2022 година, програмскиот сервис/ТВ каналот “Balkan Music” нема да биде дел од понудата на НЕОТЕЛ. Во тек сме во потрага

ПРЕМИУМ содржините од Арена Спорт достапни и на neoTV!
Од денеска, на големо задоволство на љубителите на спортот, покрај каналите Sport Klub и Eurosport, во рамките на понудата ги вклучивме и премиум каналите Arena