Почитувани,

Во моментов е активна малициозна веб страна која се претставува како Неотел со цел собирање и злоупотреба на Вашите податоци, а за возврат ветува скапи и атрактивни награди. Во моментов Неотел не спроведува никаква анкета и не даваме никакви награди за истата. Ве советуваме да не оставате никакви податоци кои сигурно ќе бидат злоупотребени.

Ви благодариме на разбирањето.

Тимот на Неотел