ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА НЕОТВ

НеоТВ претставува телевизиски сервис со кој телевизискиот, аудио, видео и другите медиумски сигнали се пренесуваат преку IP мрежа, односно преку интернет врската на Претплатникот. НеоТВ услугата може да се користи исклучиво на територијата на Република Македонија.
Неотел се обврзува да му обезбеди на Претплатникот квалитетни јавни електронски комуникациски услуги согласно Законот за електронски комуникации (во понатамошниот текст: ЗЕК), Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и соодветните акти. За користење на НеоТВ услугата, пред сè неопходно е да се склучи Стандарден претплатнички договор (во понатамошниот текст: Договор) со Неотел, согласно условите наведени во Општите услови на Операторот. Како предуслов за користење на НеоТВ услугата е Претплатникот да има широкопојасна интернет конекција (жична или безжична). Со склучување на

Претплатничкиот договор за користење на НеоТВ услугата, Неотел им обезбедува на своите претплатници корисничко име и лозинка за да оформат сопствен профил за да ја користат услугата. Со истиот профил, Претплатниците може да се најават од повеќе паметни уреди истовремено (таблет или паметен телефон), како и на еден персонален компјутер. Претплатникот сам е одговорен за менаџирањето на паметните уреди. Доколку Претлатникот го заборави корисничкото име или лозинка, или доколку Претплатникот забележи дека се прави каква и да е злоупотреба на неговиот профил, треба веднаш да се јави и да пријави во сервисот за Техничка поддршка на Неотел. Неотел не сноси никаква одговорност доколку Претплатникот неовластено и лажно изврши пријава во име на друго физичко или правно лице или доколку ја споделува својата лозинка со други лица.

Претплатникот мора да обезбеди правилно функцинирање на терминалната опрема за НеоТВ услугата, согласно Упатството за употреба. Уредот за следење на НеоТВ услугата (Set Top Box) нуди можност и за безжично воспоставување на интернет конекција преку Wi-Fi, но за да се избегнат можните проблеми кои би се појавиле поради лошиот квалитет на Wi-Fi мрежата што директно би влијаело на телевизискиот сервис, НЕОТЕЛ им препорачува на своите Претплатници уредот да се поврзе преку Ethernet кабел.

Претплатникот самостојно се определува за тоа кој пакет сака да го користи. За времетраењето на претплатничките односи, Претплатникот има право за измена на пакетот кој го користи, но само од помал кон поголем пакет. Претплатникот во секое време (доколку одбраниот пакет го дозволува тоа) има право да активира/деактивира дополнителни ТВ пакети или дополнителен уред, за што ќе потпише дополнителен Прилог кон Договорот. Бројот на уреди на кои може истовремено да ја користи услугата зависи од избраниот пакет на Претплатникот. НеоТВ услугата може да се користи единствено за сопствена и некомерцијална употреба. НеоТВ услугата овозможува повеќе поволности. Со користењето на НеоТВ услугата, Претплатникот се здобива со право на можност за следење на телевизиски содржини на повеќе паметни уреди (телевизори, паметни телефони, таблети и.т.н), (Multiscreen); враќање на програма во живо (Time Shift); паузирање на програмата во живо; снимање на емисии по сопствен избор (; автоматско прилагодување на мрежните услови (Adaptive Streaming); интеракција со Youtube, Facebook, Twitter; користење на интернет пребарувач и андроид апликации достапни на Google Play Store, како и уште многу други напредни функционалности. Time Shift, паузирање на програмата во живо и снимање на емисии по сопствен избор, се однесува само на оние содржини за кои Неотел има обезбедено права. НеоТВ ја овозможува и функцијата „Родителска контрола“, со која Претплатникот сам може да го контролира пристапот на каналите со поставување сопствен PIN код на истите. Освен претходно споменатите погодности, ниту едно право, како ни правото за сопственост или авторското право, не се пренесуваат на Претплатникот.

Телевизиските канали се достапни во програмски пакети кои се оформени од страна на Неотел, кои се разликуваат по број, содржина, вид и начинот на нивно пренесување до Претплатниците. Сите ТВ канали кои му се достапни на Претплатникот според пакетот кој го одбрал, се наведени на официјалната веб страна на Операторот https://neotel.mk/tv-kanali/. Зависно од избраниот пакет, Претплатникот добива можности за дополнителни услуги, за кои Претплатникот треба да плати дополнителен месечен надоместок согласно важечкиот Ценовник на Неотел. Во прилогот кон Договорот, Неотел ги има наведено ТВ каналите кои му ги гарантира на Претплатникот. Сите останати ТВ канали се сметаат за дополнителни канали, односно дополнителен програмски пакет, за кои Неотел има право да наплаќа дополнителен надомест. Неотел има право да го менува бројот и видот на ТВ канали (да изгаси канали или да дополни нови) кои се достапни во одреден момент на Претплатникот, во зависност од пазарните услови, важечки прописи, одлуки на надлежни органи и времетраењето на договорите склучени со имателите на права за реемитување, без претходно да го извести Претплатникот. Сите ТВ канали кои Неотел ги реемитува, се регистрирани во Агенцијата за аудиовизуелни услуги на Република Македонија.
Со уредот кој го добива Претплатникот за користење, освен НеоТВ услугата Претплатникот добива можност да користи и други апликации. За истите Неотел не сноси никаква одговорност, ниту гаранција. Доколку Претплатникот користи преносни уреди во уредот за НеоТВ услугите, Неотел не одговара за евентуалните загуби на податоци на истиот.

Услугата НеоТВ не навлегува во содржините на емитуваните канали, емисии, филмови и другите содржини и не сноси никаква одговорност за несоодветниот превод на истите, како и за странските реклами кои се емитуваат во нив.
Содржината која се реемитува преку НеоТВ услугата не смее да се архивира надвор од функционалноста на самата апликација, да се репродуцира, дистрибуира, модифицира, отстранува, исклучува, спречува или да се нуди во продажба содржината на НеоТВ или да се дава на трети лица. Исто така Претплатникот нема право да врши никакви софтверски, хардверски или какви и да е активности кои се на штета и би довеле до ограничување на функционалностите на НеоТВ услугата. Доколку Претплатникот не се придржува до горенаведените правила, ќе му биде оневозможено користењето на НеоТВ услугата и истиот ќе биде соодветно правно санкциониран.
Најстрого се забранува содржините јавно да се прикажуваат, пренесуваат, снимаат или обработуваат на каков и да е начин.
Неотел го задржува правото да го прекине или ограничи пристапот до дел или сите услуги, без претходна согласност или известување до Претплатникот, доколку истиот ги прекршува обврските согласно ова упатство, претплатничкиот договор, Законот за електронски комуникации и прописите донесени врз основа на него. Исто така Неотел ќе ги прекине или ограничи услугите на Претплатникот доколку се констатираат прекршувања на законски одредби и прописи од страна на надлежен орган.
Неотел има право да го ажурира софтверот за НеоТВ во било кое време. За истото Претплатникот ќе добие соодветно известување.

На квалитетот на услугата НеоТВ може да влијаат повеќе фактори, како на пример локацијата на Претплатникот, слободниот пропусен опсег на располагање, односно моменталната брзина на интернет конекцијата која ја има Претплатникот, уредот за гледање и слично.
НеоТВ услугата ја користи расположливата пропусност на интернет врската на Претплатникот, односно доколку Претплатникот користи истовремено НеоТВ и остварува друг интернет сообраќај, поради високиот квалитет на реемитувањето на каналите (HD), истото ќе влијае на останатиот интернет сообраќај. Peer-to-peer мрежите имаат поголемо влијание на искористување на интернет врската (на пример torrent), со тоа и поголемо влијание на НеоТВ, односно доколку Претплатникот во исто време симнува големи датотеки/податоци од Интернетот на кој е приклучен НеоТВ, таквото дејствие може да се одрази на квалитетот на телевизискиот сервис, (застанување, сецкање, неможност за прикажување, црн екран и слично).
Неотел не одговара за квалитетот, односно пречките и прекините на услугата, доколку Претплатникот обезбедува интернет од друг Оператор или доколку има прекини на услугата настанати поради дефект помеѓу излезниот порт на опремата на мрежната завршна точка и терминалната опрема на Претплатникот. Внатрешната мрежна инсталација на Претплатникот не е обврска на Неотел и за фукнционирање и поправки на истата, исклучиво е одговорен Претлатникот.

НеоТВ услугата има можност за автоматско прилагодување на квалитетот на стримовите во зависност од моменталната брзина на интернет конекцијата која ја има Претпатникот, но доколку слободниот пропусен опсег на располагање е многу лош, услугата нема да биде достапна за Претплатникот.
За кој и да е проблем со сервисот, Претплатникот има право да го контактира сервисот за техничка поддршка на Неотел (02/55 11 111) каде ќе го пријави проблемот. При пријава на проблем со услугата, Претплатникот треба да ги даде следните информации во врска со проблемите кои би можеле да се појават: време на настанување на проблемот, на кои канали или содржини се однесува проблемот, краток опис на проблемот, ситуација со внатрешното поврзување на уредот.

НеоТВ АПЛИКАЦИЈА

За да може Претплатникот да ја следи НеоТВ услугата на повеќе паметни уреди (паметни мобилни телефони и таблети), потребно е уредот да е поврзан на интернет (мобилен интернет, кабелски интернет, безжична врска (WiFi) или HotSpot). Ова не се однесува на услугите за кои е напоменато дека не може да се користат на повеќе уреди.
Можноста за следење на НеоТВ услугата е достапна преку веб страницата https://live.neotv.mk/ или преку мобилната апликација која може бесплатно да се преземе од App Store (за корисниците на оперативниот систем iOS) или од Google Play Store (за корисниците на оперативниот систем Android). Доколку Претплатникот ја користи апликацијата за НеоТВ на своите паметни уреди или надврор од мрежата на Неотел, сам е одговорен за трошоците на пристап кон интернет. Исто така, Неотел не одговара за непосакуваниот интернет сообраќај кој настанал како последица на спам, вируси и поп-ап реклами и слично.

ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

Сите содржини на НеоТВ се ексклузивно право на Неотел или се користат со изречно одобрување од носителите на авторски права, како и носители на правата на трговска марка и/или дизајн. Какво и да е копирање, дистрибуција, пренос, објавување или менување на содржините на НеоТВ без претходно писмено одобрување од страна на Неотел е најстрого забрането. Евентуалното кршење на условите за користење може да доведе до парнични постапки или кривичен прогон против извршителите поради повреда на авторските права, права на трговска марка или права од кој и да е друг вид на интелектуална сопственост. ПРИВАТНОСТ И ДОВЕРЛИВОСТ Претплатникот е лично одговорен за заштитата и доверливоста на сопствената лозинка. За чувањето, обработката и заштитата на личните податоци на Претплатниците повеќе информации може да се најдат во Полисата за приватност објавена на веб страницата на Неотел.

ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Неотел ги задржува правата за промена на овие Правила и услови за користење. Сите измени на истите ќе ги објави на својата веб страницата www.neotel.mk и во своите продажни места.
Овие Правила и услови, заедно со Општите услови на Неотел, официјалниот Ценовник на Неотел и Упатството за користење на НеоТВ, претставуваат составен дел на Договорот. Неотел и Претплатникот во целост треба да ги почитуваат одредбите кои се наведени во наведените документи.

Овие Правила и услови се применуваат од 01.01.2017 година.