MK  |  SQ   ☎ 02/55 11 155   Контакт 

Search

Политика за ИМС

Политиката за интегрираниот менеџмент систем (ИМС) во НЕОТЕЛ ДОО Скопје е наменета на воспоставувањето на правилата за работа во согласност со барањата на стандардите ИСО 9001, ИСО 14001, ИСО 20000-1, ИСО 27001 и ИСО 22301, законски пропишаните обврски и барањата на нашите деловни партнери.

Со усвоената Политика за ИМС овозможуваме постигнување на следните цели:

  • Постојано подигнување на нивото на задоволството на клиентите за нашите производи и услуги преку следење на нивните барања, проширување на асортиманот на производи и услуги, обезбедување на задоволително и повторливо ниво на квалитет.
  • Обезбедување на доверливост, интегритет и расположливост на информациите  преку заштита од неовластен пристап или неовластено откривање, обезбедување на целовитост, точност и отпорност на информации од неовластена модификација или уништување, обезбедување на континуитет на бизнис процесите  во случај на  некаков инцидент, односно обезбедување на расположливост на информации до сите оние на кои им се потрeбни.
  • Постојано идентификување на потенцијалните опасности и ризици во работењето кои се однесуваат на производите и услугите, безбедноста на информациите, континуитетот на работењето и животната средина.
  • Обезбедување на усогласеност со регулатива преку следење на промените на прописите и нивн анализа на влијанието на работењето.
  • Спречување на негативните влијанија врз животната средина преку спречување на загадувањето и заштита на природното опкружување од штетности и деградација кои потекнуваат од активностите, производите и услугите.
  • Воспоставување на професионални односи со добавувачите, подизведувачите и сите заинтересирани страни.
  • Обезбедување на соодвтени ресурси и стручен и мотивиран кадар преку адекватно планирање на приходите и расходите, континуирана едукација на вработените и поттикнување на инвентивноста и тимската работа.
  • Постојан раст и развој на компанијата преку зголемување на ефикасноста и ефективноста на активностите.


Остварување на целите дефинирани во Политиката е постојана задача на сите вработени во компанијата.

Раководството на НЕОТЕЛ ДОО Скопје постојано ќе ја преиспитува Политиката за ИМС како и сите елементи на системите за менаџмент и ќе ги прилагодува на условите на пазарот и целите на компанијата.

Со цел да им обезбедиме на нашите корисници највисоко ниво на квалитет, безбедност и сигурност, НЕОТЕЛ ДОО Скопје е сертифициран со следниве ИСО стандарди:Со цел да им обезбедиме на нашите корисници највисоко ниво на квалитет, безбедност и сигурност, НЕОТЕЛ ДОО Скопје е сертифициран со следниве ИСО стандарди:

small_c_popup.png

Оставете ни ги вашите податоци и ние ќе ве контактираме во најкраток можен рок.