MK  |  SQ   ☎ 02/55 11 155   Контакт 

Search

Прекин на услугите во Дата центар  – ШТИП

Почитувани корисници,

Би сакале да Ве информираме дека во нашиот дата центар во Штип денес се случи неочекуван инцидент од техничка природа, по што настана прекин на услугите кои се нудат преку оваа систем сала. По инцидент беше активиран системот за противпожарна заштита кој го обезбедува објектот.

Нашиот технички тим работи на разрешување на состојбата во најкраток можен рок. Преземени се сите неопходни мерки за намалување на времето на прекин на услуги како и враќање на сите сервиси. Во моментов не е достапен хостингот на дадената локација како што се хостирање на сервери и колокацијата на сервери.

Ве уверуваме дека безбедноста на податоците како и самиот објект и понатаму ни останува врвен приоритет. И понатаму ќе продолжиме да ве информираме за секоја новина како и за времето на враќање на сервисите согласно расположливите информации.

Навистина го цениме Вашето разбирање како и трпение за разрешување на проблемот.

Со почит,

НЕОТЕЛ ДОО Скопје

Вести

In memoriam – г-дин Трајче Черепналковски

In memoriam Г-дин Трајче Черепналковски Со неизмерна тага и неверување известуваме дека денес (06.04.2023), ненадејно почина г-дин Трајче Черепналковски, долгогодишниот директор на телекомуникацискиот оператор –

Повеќе »

Оставете ни ги вашите податоци и ние ќе ве контактираме во најкраток можен рок.