MK  |  SQ   ☎ 02/55 11 155   Контакт 

Search

ПРИВРЕМЕН ПРЕКИНИ НА ТВ-КАНАЛИТЕ КАКО ПРОТЕСТОТ ПОРАДИ НАМЕТНАТИТЕ НЕУСТАВНИ ОБВРСКИ ВО ЗАКОНОТ ЗА АУДИО И АУДИОВИЗУЕЛНИ УСЛУГИ

Почитувани корисници,

Сакаме да ве информираме дека сме принудени да почнеме со времени прекини во реемитувањето на сите телевизиски програми, освен јавниот сервис МРТ од 21 јуни 2020.

Ова се должи на  измената на законската и подзаконската регулатива во Законот за аудио и аудиовизуелни услуги, со која како оператор ни се наметнуваат неуставни и ретроактивни обврски за пререгистрација на сите странски канали. На овој начин сакаме да го подигнеме нивото на свесност за сериозноста на ова прашање кај пошироката јавност и кај нашите корисници.

И покрај сите напори, реакции и отвореност за соработка, во интерес на корисниците, ситуацијата со реемитување на телевизиски канали нема решение туку сѐ повеќе се комплицира. Одлуката за времени прекини во знак на протест ја поддржуваат сите оператори кои се дел од Здружението на ИКТ при Стопанската комора на Македонија, во која членува и НЕОТЕЛ.

Причината за ваквиот чекор е усвојувањето на неуставните измени и дополнувања на Законот за аудио и аудиовизуелни услуги по скратена и нетранспарентна постапка, без претходна консултација и расправа. Поради тоа, oператорите поднесоа иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на измените на Законот, за што сеуште очекуваме разрешница. Со овој Закон, на сите оператори им се наметнува обврска да гарантираат за авторските права на програмите кои не ги креираат туку само ги реемитуваат и за тоа да сносат кривична и материјална  одговорност. Ова значи дека не постои можност каналите да се регистрираат, а со тоа и да се реемитуваат, но никако не значи заштита на авторските права под кој превез беа донесени неуставите измени на Законот, бидејќи начинот на реемитувањето на програмите и заштитата на авторските права и до сега беа уредени со закон и во согласност со ЕУ стандардите.

Дополнително, на 29.05.2020, во време на вонредна состојба, донесена е Уредба со која законот е надополнет со уште една обврска на штета на операторите и корисниците која го доведува во прашање натамошното реемитување на телевизиски содржини преку нашата јавна електронска комуникациска мрежа. Оваа Уредба им наметнува обврска на операторите за пререгистрација на веќе регистрирните странски канали во рок од 60 дена.

По истекот на овој период, односно на 8.08.2020, операторите ќе треба да ги исклучат поголемиот дел од странските канали кои ги реемитуваат, поради регулативата која од една страна бара нивна пререгистрација под нови услови без оправдани причини, а од друга бара изјави со кои под морална и кривична одговорност операторите би одговарале за нешто за што немаат законска должност ниту пак моќ да го контролираат.

Со оглед на сериозноста на ситуацијата, сметаме дека треба да бидеме транспарентни кон корисниците и јавноста и да алармираме за потенцијалната можност за целосно згаснување на платформите за реемитување на програмските содржини по 8.08.2020 година. По овој потег постои ризик дека НЕОТЕЛ ќе биде принуден целосно да ја исклучи ТВ платформата поради економска неисплатливост да оперира со истата во иднина.

Како и досега, отворени сме за соработка и заедно со останатите оператори понудивме предлог за измена на подзаконските акти, кој доколку се прифати ќе биде заедничко решение што ќе го отвори патот кон превенција на потенцијалниот медиумски и информативен мрак.

Ќе преземеме сè што е во наша моќ да се најде решение, со што би се избегнале натамошните штети и би се заштитиле корисниците и целата јавност.

Со почит,
НЕОТЕЛ

Вести

In memoriam – г-дин Трајче Черепналковски

In memoriam Г-дин Трајче Черепналковски Со неизмерна тага и неверување известуваме дека денес (06.04.2023), ненадејно почина г-дин Трајче Черепналковски, долгогодишниот директор на телекомуникацискиот оператор –

Повеќе »
small_c_popup.png

Оставете ни ги вашите податоци и ние ќе ве контактираме во најкраток можен рок.