Како да нарачаш?
Продажни места
Телефонска нарачка
Телефонска нарачка
Јави се во контакт центарот и телефонски склучи договор. Ние ќе се погрижиме за доставата на документите!
02/ 55 11 155
Оставете ни ги вашите податоци и нашите колеги ќе ве контактираат во најкус можен рок.
Инсталирањето на услугата се врши во рок од 7 до 10 дена.
Кај овој пакет инсталацијата се врши преку телефонскиот кабел кој е спроведен во домот. За поставувањето на услугата задолжена е екипа која ја поставува.
Со договор на 2 или 1 година нема еднократен трошок за инсталација додека кај договорите на неопределено време има еднократен трошок од 1490 ден.
Наши екипи задолжени за инсталацијата, најпрофесионално ќе ја спроведат и ќе постават рутер на локацијата која што ќе ја договорите.
Интернет сообраќајот е ограничен на 5TB (5000GB) , по надминување на истите брзината се намалува на 2Mbps. Во просек, корисниците трошат околу 200-300GB месечно такашто овие 5000 GB се практично неограничен сообраќај.
Брзината на интернет пристапот не е загарантирана и истата може да зависи од повеќе фактори како што се: јачината на сигналот, бројот на корисници кои користат во моментот, брзината на веб страницата на која се пристапува, оптовареноста на интернет мрежата, конфигурацијата на уредот од кој пристапува претплатникот и други фактори.
Кога станува збор за стабилен и брз интернет, повеќе ги препорачуваме оптичките пакети кои нудат подобар квалитет на услугата и се погодни за онлајн гејминг.
Нема да згрешите доколку одберете оптички пакет од Неотел. Она што не разликува од останатите е добрата поврзаност со светските точки со најкратка патека на движење што овозможува минимален пинг кој е особено битен при играње на онлајн игри.
Услугата може да се прекине доколку не е исполнето она кое ви го гарантира Неотел или доколку сакате да ја прекинете пред време се плаќаат пенали во зависност од периодот преостанат до истекување на договорот.
За жал, Неотел не нуди тест период на услугите. Сметаме дека оптичкиот интернет кој го нудиме е со врвен квалитет и досега не сме имале поплаки од корисниците во поглед на квалитет на оваа услуга.