MK  |  SQ   ☎ 02/55 11 155   Контакт 

Search

Учениците од училиштето за деца со посебни потреби, Иднина, новата учебна година ќе ја почнат во реновиран простор благодарение на донацијата на телекомуникацискиот оператор, Неотел. Со донацијата ќе се изврши репарирање и молерисување на ентериерот на објектот, вклучувајќи ги училниците, ходниците и помошните простории што ќе придонесе за подобрување на основните услови во училишниот објект.
„Донацијата за ова училиште е дел од нашата компаниска, општествено одговорна политика и ангажирана грижа за заедницата која има потреба од помош од бизнис секторот. Целиот тим се обедини под идејата донацијата да ја насочиме кон објект којшто има голема потреба од обемно вложување и каде се згрижени деца што го заслужуваат вниманието на сите институции и субјекти од системот. Нашето вклучување е потврда декасекоја компанија или поединец може и треба да се инволвира во создавање на што подобри услови во општеството и помагање на засегнатите групи граѓани“, изјави Трајче Черепналковски, Генерален директор на Неотел.
Во училиштето се згрижени околу 115 деца, a училишниот објект лоциран во Општина Чаир е изграден во 1963 година и располага со капацитети за едукација и подобрување на физичката и менталната состојба на децата од основно училиште кои се со посебни потреби. Работите околу реконструкцијата што започнаа овој месец се очекува да бидат завршени до почетокот на новата училишна година.

small_c_popup.png

Оставете ни ги вашите податоци и ние ќе ве контактираме во најкраток можен рок.