MK  |  SQ   ☎ 02/55 11 155   Контакт | Гледај neoTV веднаш

Search

ТЕХНИЧАР ЗА ОПТИЧКИ МРЕЖИ

Опис на работни задачи:

  • Поврзување на оптички кабли
  • Инсталирање, одржување и отстранување на проблеми поврзани со оптичка инфраструктура
  • Работа во координација со другите сектори за идентификација на дефекти, дијагностицирање и сервисирање на истите
  • Одржување на мрежата и квалитетот на услугите со работа на терен
  • Инсталација, деинсталација и одржување на базни станици како и елементи поврзни со безжични мрежи
  • Дежурства и на повик 24/7

Потребно знаење, вештини и компетенции:

  • Завршено средно образование
  • Работно искуство со оптичка инфраструктура ќе се смета за предност
  • Познавање на англиски јазик и албански ќе се смета за предност
  • Способност за работа на терен
  • Способност за работа на висина
  • Возачка дозвола Б категорија

Опис на личноста која ни треба:

Да има:

  • Работна етика
  • Развиени организациски вештини
  • Исклучителни комуникациски вештини со колеги и клиенти
  • Развиено чувство за тимска работа
  • Способност за справување со повеќе приоритетни активности
  • Самоиницијативност при работење и способност за работење без надзор
  • Висок степен на одговорност, ефективност и ефикасност
  • Мотивираност, флексибилност и адаптибилност

Доколку сметаш дека си личност отворена за работа со луѓе, сакаш динамична средина и да работиш со млад тим, сакаш да инвестираш во твојот развој како личност и значајно ти е напредување на кариерен план, да споделуваш идеи за подобрување на работните процеси, аплицирај веднаш.


Нудиме:

  • Платени обуки, тренинзи кои ќе ти помогнат да напредуваш во компанијата
  • Можност за напредување преку давање приоритет при отварање на нова позиција во НЕОТЕЛ ДОО Скопје.
  • Субвенционирање на спортски активности

Доколку се согласувате Вашите резимеа да бидат зачувани во нашата база за идни работни позиции, Ве молиме да не информирате со изречно наведување дека се согласувате за тоа.


Категорија на вработување: Техника
Место на вработување: Скопје

Apply for this position

Allowed Type(s): .pdf, .doc, .docx