ПРЕМИУМ содржините од Арена Спорт достапни и на neoTV!

Од денеска, на големо задоволство на љубителите на спортот, покрај каналите Sport Klub и Eurosport, во рамките на понудата ги вклучивме и премиум каналите Arena Sport Premium 1, Arena Sport Premium 2, Arena Sport Premium 3 во кристално чиста HD слика.

Дополнителните канали се дел од дополнителниот ТВ-пакет Арена Спорт Премиум Плус во кој покрај Арена Спорт каналите 1, 2, 3, 4, 5 се вклучени и дополнителните три Арена Спорт Премиум канали. Месечната претплата за дополнителниот ТВ-пакет е 199 ден. за сите 8 канали. 

На дополнителните три Арена Премиум канали корисниците ќе може да ги следат најатрактивните спортски настани од најквалитетните европски шампионати.

Благодарение на напредната интерактивна телевизија neoTV, кориснциите можат да ги користат сите бенефити како снимање, паузирање и премотување на најдобрите моменти од натпреварите. Покрај можноста за следење на сите спортски настани на neoTV, корисниците можат да ги следат содржините и на нивните смарт уреди (таблет, смартфон или AndroidTV телевизор) без дополнителна претплата.

За активирање на пакетот потребно е да поднесете барање на следната страна каде треба го одберете пакетот, да ги внесете податоците и во најкраток можен рок пакетот ќе ви биде активиран. Доколку не сакате преку веб страната активирањето може да го направите во продажниот салон на НЕОТЕЛ или кај нашите продажни партнери.