Дедициран интернет пристап преку изнајмен оптички вод
(Point to Point)
Поврзување
Статички адреси
Поддршка
E-маил
Безбедна интернет врска
Успешните компании имаат потреба од едноставна интернет комуникација со клиентите, партнерите, вработените, интернет поддршка за функционирање на системите и апликациите, кои воедно го помагаат и олеснуваат работењето во целост. Како поддршка за сигурен, моќен, безбеден и доверлив начин за развој на Вашата компанија потребна Ви е брза и квалитетна интернет конекција, достапна 24 часа, без прекини, која ќе Ви овозможи да добивате непречен проток на информации со кои полесно и побрзо ќе можете да се посветите на квалитетот на Вашите услуги и продукти.
Достапност на сервиси
Интернет услугите кои ги нуди НЕОТЕЛ, се одликуваат со супериорен квалитет, кој е резултат на технолошката инфраструктура на компанијата, базирана на високо реномирана опрема. Tие се состојат од микс од Тиер 1 и Тиер 2 упстрим Оператори, како и од многубројните пиринг врски, кои компанијата ги има со најпознатите пиринг центри во Европа. Високата достапност на интернет услугите се должи на многубројните меѓународни поврзувања, кои се независни патеки, овозможувајќи 100% достапност на сервисот. Дедицираниот интернет пристап (DIA) нуди дигитална перманентна point-to-point комуникација и симетрична дедицирана и физичка конекција од деловниот корисник до НЕОТЕЛ.
Побарајте дополнителни информации
Оставете ни ги вашите податоци и нашите колеги ќе ве контактираат во најкус можен рок.
Tagged Деловни корисници