ИП ТРАНЗИТ (WHOLESALE)

Најгусто поврзана ИП мрежа

Денес интернетот се оценува како најквалитетен доколку во себе има најразличен вид на содржини, обезбедени преку мрежни поврзувања со високи перформанси, достапни на корисниците на исплатлив, ефективен и лесно достапен начин. За таа цел НЕОТЕЛ дизајнира и гради најголема, скалабилна и најгусто поврзана ИП мрежа во регионот (IPV4/IPV6) и е најчест избор на oператорите за европски ИП сообраќај. ИП транзит сервисот наменет за големопродажба, претставува специјално дизајниран ИП микс за oператори, ИСП провајдери, Контент оператори, преку коj можат да им обезбедат на своите крајни корисници, висококвалитетен интернет со најразличени содржини и по најкратки патеки.

Директни и редундантни врски

Неотел има директни конекции и редундантни врски со Тиер 1 оператори на неколку различни точки (Teliasonera), директно присуство во најголемите Internet Exchange центри во Европа DE-CIX, VIX, AMS-IX, физичко присуство со активна опрема во најголемиот дата центар во Бугарија “Телепоинт Софија”, директен пиринг со Google, Facebook, Akamai, Limelight Networks, OVH SAS, Netflix, Edgecast, Cloudflare, Microsoft, Hurricane Electric, BiX.bg, B-IX (Balkan Internet exchange) GR-IX-Greek Content, NL-ix -Netherland Content etc, директен пиринг со Tier 2 оператори, директни интерконекции со домашните ИСП оператори и кабелски оператори, и  со операторите од соседните земји (Албанија, Косово, Грција, Србија, Бугарија) и слично.

Побарајте дополнителни информации

Оставете ни ги вашите податоци и нашите колеги ќе ве контактираат во најкус можен рок.