Поврзување преку изнајмени линии
Овозможуваме сигурни, флексибилни и рентабилни решенија, изградени да ги задоволат сите потреби на своите клиенти. Нашата мрежа (DWDM и IP/MPLS) е изградена врз оптичка инфраструктура на територијата на Република С. Македонија, во Скопје и останатите поголеми градови.
Портфолио на приватни изнајмени линии:
- Национални и интернационални TDM базирани изнајмени линии (SDH и PDH);
- Национални и интернационални Етернет приватни линии (EoSDH, ЕоMPLS);
- Национални и интернационални бранови должини (2.5G, 10G, 100G Wavelength)
Квалитет на услуга
Со помош на модерна технологија овозможуваме широк опсег на опции (128 Kbps – 100 Gbps), соодветни за компаниите, како и за пазарот на големо. Со користењето преку мрежата на Neotel во Македонија, како и преку изобилството на интернационални интерконекции, овозможуваме висококвалитетно ниво на услуга (SLA) за заштитени и незаштитени сервиси.
Национална 'рбетна оптичка мрежа и меѓународни поврзувања

Меѓународни поврзувања
Најголемиот интернационален POP на Неотел се наоѓа во Телепоинт, Софија, Република Бугарија и е поврзан со мрежата на Неотел во Македонија и регионот преку DWDM мрежа со огромни расположливи капацитети.
За спроведување на интернационални услуги и интерконекции, исто така ги употребуваме нашите точки на присуство во едeн од најголемите европски интерконекциски центри – Франкфурт Equnix FRA5), како и во Виена (Interxion). точката новата точка на присуство со активна опрема во најголемиот дата центар ТЕЛЕПОИНТ во Софија, Република Бугарија.
Постоечки интернационални интерконекции:
- со Србија
- со Косово
- со Бугарија
- со Албанија
- со Грција
Побарајте дополнителни информации
Оставете ни ги вашите податоци или контактирајте ги нашите продажни консултанти на 02/55 11 188.