MK  |  SQ   ☎ 02/ 55 11 155    Контакт  Односи со оператори

Search

Поврзување преку изнајмени линии

Овозможуваме сигурни, флексибилни и рентабилни решенија, изградени да ги задоволат сите потреби на своите клиенти. Нашата мрежа (DWDM и IP/MPLS) е изградена врз оптичка инфраструктура на територијата на Република С. Македонија, во Скопје и останатите поголеми градови.

Портфолио на приватни изнајмени линии:

  • Национални и интернационални TDM базирани изнајмени линии (SDH и PDH);
  • Национални и интернационални Етернет приватни линии (EoSDH, ЕоMPLS);
  • Национални и интернационални бранови должини (2.5G, 10G, 100G Wavelength)

Квалитет на услуга

Со помош на модерна технологија овозможуваме широк опсег на опции (128 Kbps – 100 Gbps), соодветни за компаниите, како и за пазарот на големо. Со користењето преку мрежата на Neotel во Македонија, како и преку изобилството на интернационални интерконекции, овозможуваме висококвалитетно ниво на услуга (SLA) за заштитени и незаштитени сервиси.

Национална 'рбетна оптичка мрежа и меѓународни поврзувања

Меѓународни поврзувања

Најголемиот интернационален POP на Неотел се наоѓа во Телепоинт, Софија, Република Бугарија и е поврзан со мрежата на Неотел во Македонија и регионот преку DWDM мрежа со огромни расположливи капацитети.
За спроведување на интернационални услуги и интерконекции, исто така ги употребуваме нашите точки на присуство во едeн од најголемите европски интерконекциски центри – Франкфурт Equnix FRA5), како и во Виена (Interxion). точката новата точка на присуство со активна опрема во најголемиот дата центар ТЕЛЕПОИНТ во Софија, Република Бугарија.

Постоечки интернационални интерконекции:

  • со Србија
  • со Косово
  • со Бугарија
  • со Албанија
  • со Грција

Побарајте дополнителни информации

Оставете ни ги вашите податоци или контактирајте ги нашите продажни консултанти на 02/55 11 188.​

    small_c_popup.png

    Оставете ни ги вашите податоци и ние ќе ве контактираме во најкраток можен рок.